Реал Мадрид реши да купува во последните моменти од трансфер периодот.
Иако претходно Зидан најавуваше дека не сака уште еден играч за врска, бидејќи од Погба нема ништо, од Португалија пристигнуваат други вести. „ЕСПН“ пишува дека Реал испратил понуда вредна 70 милиони евра за играчот за врска на Спортинг, Бруно Фернандеш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалецот ова лето беше на чекор до трансфер во Премиер лигата, за него беа заинтересирани Тотенхем, потоа и Јунајтед испрати понуда, но управата на португалскиот клуб не беше задоволна од понудата. Реал е спремен да им ги исполни барањата, точно 70 милиони евра и да добие фудбалер кој минатата сезона постигна дури 32 гола во сите натпреварувања како играч за врска.
Мадриѓаните веќе потрошија 300 милиони евра за доведување на Азар, Јовиќ, Милита и Менди покрај останатите.