Дома Трансфер зона Реал и Јунајтед се договорија, но Хамес има еден услов!

Реал и Јунајтед се договорија, но Хамес има еден услов!

Вчера пишувавме дека авантурата на Хамес Родригез во Реал Мадрид е веќе завршена. Колумбиецот против Севиља најверојатно го одигра последниот натпревар на „Сантиаго Бернабеу“ и изгледно е дека ќе се пресели кај Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ е силно заинтересиран за Хамес Родригез и е спремен да издвои 75 милиони евра за да го донесе на „Олд Трафорд“. Медиумите тврдат дека двата клуба постигнале начелен договор околку трансферот, но Колумбиецот има еден услов.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, Јунајтед мора да ги победи Ајакс во финалето од Европа Лигата бидејќи тоа е единствениот начин „црвените ѓаволи“ да изборат пласман во ЛШ, а Хамес јасно му порача на англискиот клуб дека сака да игра во најелитното натпреварување.

Мурињо во Хамес гледа идеална замена за Вејн Руни, наводно му е понудена и „десетката“, а Манчестер Јунајтед исто така покажува и силен интерес за Гризман и Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…