Реал Мадрид и Јувентус ќе водат жестока битка за Пол Погба, кој очигледно веќе донел одлука да го напушти Манчестер Јунајтед.
Неговиот агент Мино Раиола веќе работи на трансферот и е во постојан контакт со двата клуба кои уште во летниот преоден рок се обидоа да стигнат до потписот на Французинот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ се уште не се откажале од намерата да го донесат Погба на „Сантиаго Бернабеу“ и спремиле понуда за зимскиот преоден рок. Шпанските медиуми откриваат дека Реал ќе го понуди Хамес Родригез плус пари за потписот на Французинот.
Вчера излегоа информации дека и Јувентус подготвува понуда во која ќе вклучи дури четворица играчи за да о добие Погба еколку години со успех го носеше нивниот дрес.