Дома Топ вести Реал и Барса се „тепаат“ за ѕвездата на Наполи

Реал и Барса се „тепаат“ за ѕвездата на Наполи

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поради финансиски проблеми Наполи на лето е спремен да ги разгледа понудите за Фабиан Руиз, а најсилен интерес покажуваат шпанските гиганти.

Анчелоти одлично го познава Шпанецот бидејќи тој го донесе во Наполи и сака повторно да соработува со него на „Сантиаго Бернабеу“.

Барселона исто така е во потрага по квалитетен играч за врска откао пропадна трансферот на Вајналдум и во Фабиан Руиз гледа идеално засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…