Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид водат големи битка на и надвор од теренот, а често знаат да „фрлат око“ на исти фудбалери на трансфер пазарот.
Медиумите тврдат дека Барселона и Реал Мадрид ќе водат голема битка за потписот на шпанскиот репрезентативец и член на Наполи, Фабиан Руиз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
23-годишниот Шпанец минатото лето пристигна во Наполи од Бетис и одигра одлична сезона, притоа се избори за место во шпанската репрезентација.
Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот, а Реал спреми 70 милиони евра за неговиот потпис.
Меѓутоа, проблем за „кралевите“ ќе биде конкуренцијата, бидејќи Барселона веќе подолго време го следи Шпанецот и смета дека ќе биде идеален наследник на Бускетс и партнер на Де Јонг во средниот ред.
Следното лето не очекува „Ел Класико“ за потписот на Фабиан Руиз, а Наполи за неговата слобода бара 90 милиони евра.