Дома Топ вести Реал испрати понуда за најдобриот дефанзивец во светот

Реал испрати понуда за најдобриот дефанзивец во светот

Инсистирањето на Зидан, подготвија и пакет, сега сите се фатени…

Кога велиме најдобриот дефанзивец во светот, цитираме на Пеп Гвардиола, вкусовите се различни, но Леонардо Бонучи е мета на големите клубови ова лето.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Јувентус не сака да се одкаже од својот „министер во одбраната“, но ќе му излезе во пресрет доколку одлучи да замине. Минатата година го одби Сити, сега има понуда од Челзи од 10 милиони по сезона, Англичаните би морале да платат 70 милиони евра и на тој начин да го срушат светскиот рекорд за дефанзивец. Но, во трката се вклучи и Реал.

„Don Balon“ тврди дека Зидан во Бонучи ја гледа замената за Пепе и верува дека овој дефанзивец би можел да му даде можност да игра со тројца во одбраната, но верува дека Варан би можел многу да научи од Италијанецот.

Реал е подготвен да ги вклучи и Ковачиќ и Родригез во овој трансфер, но изгледа дека е осуден на неуспех. Јувентус е заинтересиран за Иско и Асенсио кои се недопорливи кај Зидан, па размената нема да успее.

Од другата страна, и понатаму се зборува дека би ја прифатиле понудата од 55 милиони плус Матиќ од Челзи, иако од овие работи нема да биде ништо.

Имено, планот на клубот е да ги задржи најдобрите играчи, и да ги доведат сите кои Алегри ги бара, со тоа што на тој начин посилни ќе влезат во сезоната.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …