Дома Топ вести Реал заработи како никогаш до сега – Од овие бројки ќе има идни трансфер бомби!

Реал заработи како никогаш до сега – Од овие бројки ќе има идни трансфер бомби!

Зидан целосно го промени Реал. Револуцијата која ја направи е комбинацијата на бројки и трофеи, а освен што ги сруши сите можни рекорди кога станува збор за трошење на пари, во смисла на штедење, постави уште еден, во двете ери на Флорентино Перез.

Имено, Реал овој трансфер период го заврши во плус од 80 милиони евра. Тоа во овој век, поточно откако Флорентино Перез е во клубот не му се случило, всушност само еднаш пред Зидан беа на позитивна нула, летото 2012. година.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Минатата година, плусот беше 7.5 милиони, а ова лето неверојатни 80 милиони. И тоа, не без купување, пристигнаа Тео Ернандез и Себаљос, потошени се околку 45 милиони што повторно е рекорд, никогаш Реал не потрошил помалку. Но, погледнете го приходот.

Мората е продаден за 62, Сити за Данило плати 30 милиони. Маријано си замина во Лион за 8, Баерн за позајмицата на Хамес Родригез за две години плати 13 милиони. И на крајот, Диего Љоренте и Бургуи донесоа уште 3 милиони.

Кога сето ова ќе се собере и одземе, плусот е околку 80 милиони евра. Незабележено во историјата на „претседателството“ на Флорентино Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…