Се беше јасно уште минатото лето иако беше убедуван дека ќе има ист третман.
Кејлор Навас неодамна изјави дека за краток период од три титули во Лигата на шампионите стигнал да биде резерва без причина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Костариканецот е лут бидејќи немаше шанса да покаже дека е подобар од Куртоа, закован е на клупата и сака да замине. Навас уште во текот на летото сакаше да го напушти Реал кога пристигна Куртоа, но Лопетеги му ветуваше дека ќе добие шанса.
Тој веќе разговарал со клубот. Сака да биде испратен на позајмица или да го пуштат да замине без оштета, а тој да се откаже од договорот и парите за да оди некаде каде што ќе брани.
Каде голманот би можел да заврши?
Има 31 година, Јуве не е заинтересиран, Рома го купи Олсен, некои од клубовите во Премиер лигата го сака Навас, но тешко дека би се согласиле да платат оштета.
Најголема желба на Навас наводно е позајмица, но проблем е договорот и платата од четири милиони евра по сезона, договор со Реал има до 2020 година.