Дома Трансфер зона Реал го дава Ковачиќ и 35 милиони евра за фудбалерот на Зенит!?

Реал го дава Ковачиќ и 35 милиони евра за фудбалерот на Зенит!?

Оваа понуда би била навистина големо изненадување.

Зимскиот преоден рок завршува, а во Реал веќе размислуваат за следниот кој беше означен како преоден рок во кој ќе биде направена голема реконструкција на „Лос Бланкоси“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, последните ифнормации се навистина изненадувачки. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид би можел да испрати понуда од 35 милиони евра и Матео Ковачиќ за услугите на Пардес.

Сепак не е познато колку Ковачиќ е заинтересиран за преселба во Русија иако веќе соработуваше со Роберто Манчини во редовите на Интер во сезоната 2014/2015.

Овој трансфер секако би се реализрал на лето бидејќи како што кажавме, тоа ќе биде преоден рок во кој се очекуваат големи промени во редовите на „кралевите“, но и поради фактот што Флорентино Перез од 2009 година во зимскиот преоден рок купил само тројца фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…