Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат шпанските медиуми.




Гомес од 2020 година е во првиот тим на Фламенго и во последно време игра фантастично, па дури го истисна Видал од стартниот тим.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тој има договор со Фламенго до 2025 година, но неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес, а Реал сака да ја победи конкуренцијата.
Реал во него гледа идеален наследник на Каземиро, кој ова лето беше продаден во Манчестер Јунајтед.




21-годишниот играч за врска е посакуван уште од Ливерпул и Милан, но Реал има одлични односи со Фламенго и сака уште во јануари да го комплетира трансферот.