Се погласни се шпекулациите дека Серхио Рамос на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид како слободен агент.
И оваа сезона шпанскиот дефанзивец е еден од најдобрите играчи на „кралевите“, иако има веќе 34 години и понатаму игра во одлична форма. Меѓутоа неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона и се уште нема најави дека ќе биде продолжен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тешко е да се верува дека Реал ќе си дозволи да го изгуби Рамос, но шпанските медиуми откриваат дека „кралевите“ веќе го пронашле неговиот наследник.
„Марка“ објави дека клубот бара долгогодишно решение за стоперската позиција, а прва желба е Пау Торес од Виљареал.
23-годишниот Шпанец веќе се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и доби репрезентативен статус.
Откупната клаузула на играчот на „жолтата подморница“ е 50 милиони евра, но Реал ќе се обиде да ја намали таа цена преку преговори.
Како алтернативи се споменуваат Давид Алаба од Баерн Минхен и Џулс Кунде од Севиља.