Португалскиот весник „Рекорд“ денеска сензационално oбјави дека Кристијано Роналдо се заканил со заминување од репрезентацијата, но сега пристигна демант од Фудбалската федерација на Португалија.
Се пишуваше дека Роналдо не ја прифатил добро одлуката на селекторот Фернандо Сантош да го остави на клупата во осминафиналето против Швајцарија, но тоа се покажа како правилна одлука, бидејќи неговиот заменик Гонзало Рамош постигна хет-трик и забележа една асистенција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Брзо се прошири веста дека Португалецот незадоволен од разговорот со Сантош кога му соопштил дека ќе биде резерва најавил заминување. Од ФСП тврдат дека тоа не е точно.
„Категорично демантираме дека капитенот на нашата репрезентација Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на Светското првенство. Кристијано Роналдо постави многу рекорди за репрезентацијата, тој е исклучително посветен и се што направи за нашата репрезентација мора да се почитува.
Репрезентацијата, сите играчи, селекторот и членовите на стручниот штаб и членовите на Здружението од првиот ден се обединети во идејата на најдобар можен начин да се претстави Португалија на Светското првенство.“ соопшти Португалската фудбалска федерација.