Дома Фудбал Останато Реакцијата на Мбапе на неверојатното промашување на Мотинг (ВИДЕО)

Реакцијата на Мбапе на неверојатното промашување на Мотинг (ВИДЕО)

Денес во спортските медиуми една од главните теми е епското промашување на Чупо-Мотинг во вчерашниот натпревар против Пари Сен Жермен.

Како и да не биде, вчерва бевме сведоци на едно од најголемите промашувања во историјата на фудбалот. Фудбалерот на Пари Сен Жермен со својот ужасен обид да ја погоди мрежата ја спречи топката да заврши зад гол линијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вакво нешто не може да се објасни, а еве што имаше тој да каже после натпреварот.

„Прво мислев дека Нкунку ќе ми асистира, но тој шутираше. Стоперот направи лизгачки старт и мислев дека ќе го изблокира ударот. Меѓутоа топката помина, а јас помислив дека можеби е офсајд. Се се случи премногу брзо. Не успеав да изреагирам како што сакам и топката не заврши во мрежата. Жал ми е поради се, но мораме да продолжиме напред“, изјави Мотинг.

Мбапе после натпреварот му даде поддршка со пораката која гласеше:

„Штета што не ја прославивме титулата вечерва, направивме се што можевме. Подршка за Чупо-Мотинг. Јас промашив многу повеќе од тебе оваа сезона, ја имаш поддршката од целиот тим“, порача Мбапе после вчерашниот натпревар.

Меѓутоа неговиот израз во текот на натпреварот кога Мотинг го направи неверојатното промашување доволно покажува што суперталентираниот тинејџер мислеше за оваа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…