Дома Видео Реакцијата на Гвардиола е хит – веднаш знаеше дека Сити ќе прими гол 🎥

Реакцијата на Гвардиола е хит – веднаш знаеше дека Сити ќе прими гол 🎥

Во фантастичен натпревар Манчестер Сити го победи вчера Реал Мадрид со 4:3 и обезбеди предност пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.

Манчестер Сити после десет минути имаше 2:0 благодарение на головите на Де Брујн и Габриел Жесус. Реал преку Бензема намали на 2:1 до крајот на полувремето. Фоден во 53. минута погоди за 3:1, но само две минути подоцна Винисус го врати Реал на „минус еден“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму при голот на Бразилецот забележан е една вирална реакција на Гвардиола кој во очај гледа како Винисиус поминува покрај искусниот Фернандињо по левата страна, а потоа излегува пред Едерсон и ја погодува мрежата. Фернандињо го замени повредениот Стоунс во 36. минута, па иако тоа не е негова природна позиција мораше да игра како десен бек.

Во продолжение конечните 4:3 ги поставија Бернардо Силва и Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шок за Јунајтед поради повредата на Бруно Фернандеш

Голем удар за Манчестер Јунајтед! Бруно Фернандеш се поврeди и, според медиумите на Остров…