Дома Фудбал Англија Рашфорд го брани Солскјер: Тој е вистинскиот човек

Рашфорд го брани Солскјер: Тој е вистинскиот човек

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд застана во одбрана на својот менаџер, Оле Гунер Солскјер.

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната во Премиер лигата, па често се шпекулира со отјаз на Солскјер, а Рашфорд смета дека тој е вистинскиот човек за „црвените ѓаволи“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Оле е одличен човек. Тој секогаш ги поставува интересите на клубот на прво место и нема подобар за оваа работа од него. Тоа е моето мислење“, изјави Рашфорд, кој во последно време е во одлична форма.

„Ако се пласираме во Топ 4, а не освоиме ниту еден трофеј нема да бидеме задоволни. Сезоната ќе биде успешна само ако подигнеме трофеј и се пласираше меѓу првите четири во Премиер лигата. Сите знаеме дека работите нема да се променат за една ноќ, потребно е време“, додаде младиот Англичанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ подготвува историски договор за Луис Енрике

Раководството на европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен сака да потпише доживотен дого…