Дома Топ вести Рафаел Варан на чекор од Олд Трафорд

Рафаел Варан на чекор од Олд Трафорд

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед постигнале договор за трансфер на Рафаел Варан.

Раководството на Реал Мадрид веќе се помирило со фактот дека ќе се раздели со дефанзивецот, откако Варан одби да го продолжи договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кралевите“ сакаа да ја избегнат ситуацијата како со Рамос и да го загубат дефанзивецот без обештетување, па беа спремни да слушнат понуди.

Манчестер Јунајтед од поодамна покажуваше интерес за Варан, а и самиот фудбалер преферираше трансфер на „Олд Трафорд“.

Сега двата клуба постигнале договор, а Манчестер Јунајтед за потписот на Варан ќе плати 50 милиони евра. Играчот веќе ги договори личните услови со „црвените ѓаволи“ и е на чекор од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…