Македонската машка ракометна репрезентација вечерва го одработи последниот тренинг во пресрет на вториот дуел од главната фаза на Европското првенство во Хрватска со селекцијата на Чешка.

Ситуацијата со капитенот Кирил Лазаров се’ уште е неизвесна, и под знак прашање е неговиот можен настап против Чешка, па затоа селекторот Раул Гонзалес приморан е да ја подготвува селекцијата и за игра без и со капитенот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Не треба да мислиме дека ни претстојат два меча. Треба да се фокусираме на Чешка, бидејќи мислам дека тие се нашето финале. Ситуацијата е добра. Ако победиме најверојатно ќе се бориме за петто место. Но ќе имаме шанси и за полуфинале. Не знаеме дали ќе може да игра Кире. Тој е под терапија и утре ќе биде познато каква е ситуацијата, и тогаш ќе решиме што ќе правиме. Ќе треба да се обидеме да играме и без него, доколку не може да настапи. Екипата е навикната на играта со Кире, но ќе мораат да пробаат и без него“, рече селекторот Гонзалез пред завршната припрема за Чешка.

Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра утревечер 20:30 часот во „Вараждин Арена“. Со евентуална победа над Чешка, Македонија ќе остане во игра за пласман во полуфиналето на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Алкалоид пред голем предизвик: Во квалификациите за Европската лига го доби најтешкиот противник!

Екипата на Алкалоид ќе има исклучително тежок предизвик на патот кон групната фаза од Евро…