По третиот пораз во низа, селекторот Раул Гонзалез имаше малку причини за задоволство:

Првото полувреме го одигравме добро, но во вториот дел Данска заигра многу подобро, целосно доминираше, па ние немавме никаква шанса да го издржиме тој налет.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сметам дека турнирот беше предолг за нас. Додека имавме свежина, ние игравме добро, но, како што одминуваше турнирот, нас не стигнуваше уморот. Одигравме многу добри напревари. Вчера имавме шанса против Чешка, но не успеавме да стигнеме до победата. За да играме со ривали како Данска и Шпанија ќе ни треба повеќе време за подготовки, бидејќи тие имаат подолг ростер. Треба да сме задоволни од првата фаза, но треба да се знае дека ова е Европско првенство и многу е тешко против секој противник. Еден гол е решавачки на секој натпревар и никој не знае кој ќе игра во финалето, бидејќи се е многу израмнето. Можам да сумирам дека имав еден солиден турнир за прво искуство на македонската клупа. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, федерацијата, ракометарите, на новинарите. Гледате колку е изедначен турнирот, еден гол и една победа можеа многу работи да сменат“, сумираше Раул Гонзалез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…