Фудбалерите на Арсенал добро ја започнаа новата сезона во ПЛ со неколку победи во низа, но потоа играта и резултатите тргнаа во надолна линија.
Лондонскиот клуб се наоѓа во очајна форма во последно време и има скоро дупло помалку бодови од лидерот Ливерпул. Навивачите на Арсенал секоја сезона имаат големи очекувања и сигурно не се надеваа на таква лоша серија резултати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На удар веднаш се најде шпанскиот стручњак Емери за кој многумина веруваат дека нема долго да се задржи на клупата на Арсенал доколку продолжи серијата лоши резултати.
Англиските медиуми утрово пишуваат дека атмосферата во Арсенал воопшто не е идеална и играчите на клубот имаат се помалку верба во Емери, а тоа најдобро го покажува фактот што повеќе разговараат со неговиот помошник Љумберг.
Дејли Мејл пренесува дека младите играчи на Арсенал бараат совети токму од Љумберг и се поретко зборуваат со Емери. Очигледно е дека поранешниот играч на Арсенал има поголемо влијание кај играчите од самиот тренер, што секако е надвор од нормалното.