Дома Фудбал Англија Раниери за секој натпревар без примен гол играчите ќе ги носи во – „Мекдоналдс“!

Раниери за секој натпревар без примен гол играчите ќе ги носи во – „Мекдоналдс“!

ranieri

Клаудио Раниери неодамна се врати во Премиер лигата на клупата на Фулам каде што го наследи Србинот Славиша Јокановиќ, кој имаше разочарувачки резултати од почетокот на сезоната.

Фулам се наоѓа на последната позиција на табелата и на италијанскиот стратег му претстои тешка борба за опстанок. Откако Раниери потпиша договор со Фулам беше објавено дека ќе добие премија од еден милион евра доколку успее да ги задржи помеѓу најдобрите во Премиер лигата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, тој откри дека после секој натпревар без примен гол ќе ги носи играчите во „Мекдоналдс“.

„Какво ветување дадов во случај да не примиме гол? Пица парче не е доволно, после секој натпревар без примен гол ќе одиме во Мекдоналдс“, изјави Италијанецот алудриајќи на шампионската сезона од Лестер кога играчите имаа бесплатна пица после секој натпревар без примен гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…