Дома Фудбал Англија Рангник: Предложив неколку имиња за трансфери, 4 засилувања нема да бидат доволни

Рангник: Предложив неколку имиња за трансфери, 4 засилувања нема да бидат доволни

Ралф Рангник ќе биде менаџер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе остане во клубот да работи како советник за трансфери.

Германецот откри дека веќе му предложил неколку имиња на клубот за трансфери и истакна дека 3,4 засилувања нема да бидат доволни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нема значење каква ќе биде формацијата и каков стил ќе игра новиот тренер. Јунајтед има потреба од засилувања и јас веќе им предложив неколку имиња на директорите“, откри Рангник.

„Според мене само тројца-четворица нови засилувања нема да бидат доволни, ако погледнеме колку многу тимот треба да се подобри. Треба да имаме во предвид и колку фудбалери ќе заминат бидејќи има неколкумина на кои им истекува договорот“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…