Дома Фудбал Англија Рангник: За иднината на Роналдо треба да го прашате Тен Хаг

Рангник: За иднината на Роналдо треба да го прашате Тен Хаг

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник откри дека новиот менаџер Ерик тен Хаг е тој кој треба да донесе конечна одлука за иднината на Кристиано Роналдо.

Се погласни се шпекулациите дека Роналдо може да си замине од „Олд Тарфорд“ после неуспешната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За иднината на Роналдо треба да го прашате Тен Хаг, дали ќе одговара на неговиот стил на игра. Инаку Роналдо покажа дека може се уште да биде од голема корист за тимот. Меѓутоа, очигледно е дека тимот има потреба од нови напаѓачи. Според мене за следната сезона треба да има двајца или тројца нови напаѓачи“, изјави Рангник.

Германецот потоа истакна дека е убеден дека Тен Хаг ќе направи добра селекција и дека ќе донесе вистински засилувања на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…