Големата победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Борусија Дортмунд (1:3) беше обележана со еден контроверзен момент.
Домаќините со брза реакција ја пробија одбраната на „кралевите“, а ударот од левата страна го одбрани голманот на Реал, но одбиената топка го погоди Серхио Рамос во раката и тоа пред самиот гол, за потоа капитенот на шпанскиот гигант да ја исфрли од опсната зона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судијата процени дека оваа ситуација не е доволна за пенал, а Рамос помина без казна.
„Се се одвиваше многу брзо. Навистина, топката ме погоди во рака после одбраната на Кејлор. Но, немав никаква намера, затоа и судијата не се огласи“, зборуваше Рамос.
"Hay mano de Ramos en el área, pero involuntaria". #LaPolémica del Borussia Dortmund-Real Madrid, por Andújar Oliver https://t.co/4aaZ0HGo0l pic.twitter.com/GTYlkMYsRm
— MARCA (@marca) September 26, 2017
Реал, сезоната во шпанското првенство не ја започна на најдобар начин.
„На секои три дена имаме нов натпревар и мораме тоа да го прифатиме. Сакавме навивачите да го видат Реал во најдобро издание. Знаевме дека ова е добра прилика за нас бидејќи со години немаме победа на овој стадион. Секогаш тука имавме проблеми, но овој пат доминиравме од првата минута“, заврши Рамос.