Веќе неколку месеци траат преговорите помеѓу Серхио Рамос и Реал Мадрид за продолжување на соработката и големи се шансите ова лето да го напушти „кралскиот“ клуб.
Рамос на крајот на овој месец ќе биде слободен агент, има неколку богати понуди од европски гиганти, а сега пристигна и една „романтична“ понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека Севиља испратила понуда до 35-годишниот дефанзивец.
Севиља на Рамос му нуди 5-годишен договор со годишна плата од 7 милиони евра и директорска функција во клубот откако ќе ја заврши кариерата.
Рамос потекнува од Севиља, од каде во 2005 година направи трансфер во Реал и испиша историја во „кралскиот“ клуб.