Серхио Рамос во претходните денови е во центарот на вниманието на шпанската јавност затоа што се повеќе се пишува за негово заминување од Реал Мадрид.
Рамос во Реал Мадрид пристигна од Севиља во летото 2005 година и веќе 15 години е стандарден член на првиот тим. Добро е познато што Рамос значи за Реал па затоа е изненадување што Реал дозволи Рамос да влезе во последните месеци од договорот и да може слободно да преговара со заинтересираните клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека работите не одат во добра насока потврди и братот на Рамос кој е и негов агент.
„Некој ќе мора да објасни како и зошто дојдовме до оваа ситуација, капитенот и легендата на клубот да биде на оваа апсурдна листа играчи кои од денес можат слободно да преговараат и да се договрат со било кој клуб“, порача тој пред неколу дена.
Денес шпанските новинари објавија нови информации. Наводно Перез вчера конечно го контактирал Рамос и му понудил продолжување на договорот, понудата засега не се открива. Сепак, каква и да била таа понуда Раос ја одбил.
„Ваквата понуда нема да ја прифатам. Од ПСЖ ми кажаа дека прават страшна екипа во која можеме да бидеме јас и Меси“, наводно гласел одговорот од Рамос до Перез.
"The offer you made to me, I will not accept it… At PSG, they told me they will make a team with me and Messi.”
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 5, 2021
This is what Sergio Ramos reportedly said to Florentino Perez during contract negotiations. 😳
(Source: @jpedrerol /@elchiringuitotv) pic.twitter.com/yafyXhrmlV