Дома Трансфер зона Рамос веќе си бара нов клуб?

Рамос веќе си бара нов клуб?

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос почнал да бара нов клуб, пренесува шпански „АС“. Поранешниот капитен на Реал Мадрид во ПСЖ пристигна минатото лето, но поради повреда запиша само пет настапи. Посаледен пат за ПСЖ играше на 23. јануари.

„АС“ пишува дека Рамос одработил неколку тренинзи без проблеми и наскоро би можел да се врати на терените. Но тоа ќе биде предоцна да се спаси сезоната за ПСЖ, „светците“ се веќе елиминирани од Лигата на шампионите и тоа токму од поранешниот клуб на Рамос, Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанските медиуми затоа најавуваат и чистка во редовите на ПСЖ во летото кое следи. Помеѓу играчите кои можат да си заминат како што стојат работите е и Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…