Женската ракометна репрезентација ќе игра на Европското првенство откако убедливо со 37-22 славеше на гостувањето кај Азербејџан во претпоследниот квалификациски меч.
Натпреварот во Баку беше неизвесен само во првите 20 минути, кога репрезентативките на Азрбејџан се доближија на гол негатива, но во вторто полувреме Македонија покажа дека е далеку подобар противник.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најефикасна за Македонија беше Јована Саздовска со седум голови, еден помалку даде Ристовска, пет запиша Коларовска.
Во последното коло, на 7. април од 18 часот ја пречекуваме Литванија во Скопје, влезот за тој натпревар е бесплатен.