Дома Топ вести Ракитиќ се поблиску до трансфер во Интер

Ракитиќ се поблиску до трансфер во Интер

Еминентниот италијански весник „Газета дело Спорт“ и во денешното издание пишува дека плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ е многу блиску до трансфер во милански Интер.

Овој 31 годишен фудбалер според пишувањето на „Газета“ се договорил за соработка со Интер. Генералниот менаџер на тимот од Милано, Бепе Марота и спортскиот директор Пјер Аусилио одржале таен состанок со претставници на Барселона и добиле дозвола да преговараат со Хрватот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно преостанато е да се договори само цената. Интер понуди 35 милиони евра, каталонскиот гигант сака десет повеќе, па се очекува да се договрат за сума околу 40 милиони евра.

Интер за Ракитиќ спрема одличен договор. Тој ќе добие договор на три години според кој ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона. На „Џузепе Меаца“ во него гледаат играч кој може да биде еден од носителите на играта во следните години.

Ракитиќ минатото лето имаше понуда од ПСЖ, но Барселона сепак го убеди да остане на „Камп Ноу“. Меѓутоа Каталонците спремаат подмладување на тимот и не сакаат да му понудат нов договор, па се спремни да го продадат.

Ракитиќ во претходните пет години со Барселона освои скоро се. Три пати беше шампион, четири титули во шпанскиот куп, Лига на шампиони, УЕФА Суперкуп, Суперкуп на Шпанија и ФИФА Светско клупско првенство.

За тимот од „Ноу Камп“ до сега одигра 249 натпревари и постигна 34 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…