За спортската кариера на Ракитиќ и освоените трофеи се знае готово се, но „Марка“ донесува ексклузивна сторија за неговиот приватен живот, сопругата…
Ракитиќ открива како ја запознал сопругата Ракел во првите денови кога пристигнал во Севиља и како се започнало со реченицата: „Ја гледаш онаа келнерка? Ќе се оженам со неа“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најтешката работа која сум ја направил во животот е освојување на Ракел, потешко и од освојување на Лига на шампиони“, открива Ракитиќ.
„Знаев дека се вика Ракел. Таа не зборуваше англиски, а јас не знаев шпански. Така секој ден и кажував само една работа: „Добро утро Ракел, едно кафе и една Фанта. Шпанскиот не ми одеше добро, објаснував со раце, а тоа нејзе и беше забавно. Не знам како да објаснам, но покрај неа се чувствувам поинаку“, раскажува Ракитиќ.
Еден ден Ракитиќ собрал храброст и ја поканил на вечера, па од тогаш се неразделни. Му требале седум месеци за да ја освои, но сега се веќе 4 години во брак и имаат две деца.