После двата порази од Реал Мадрид во натпреварот од шпанскиот куп (1:3, 0:2), изгледаше дека пред Барселона е тешка сезона, но Каталонците на стартот го покажаа токму спротивното.
Барса славеше на сите три натпревари во првенеството, додека на отварањето на новата сезона во Лигата на шампионите го совлада италијански Јувентус со убедливи 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во интервјуто за шпанска „Марка“, Иван Ракитиќ открива како Барселона успеа да се врати и после поразот во Суперкупот да започне да игра на потребното ниво.
„Поразот од Реал во Суперкупот сите нас не зближи и ни помогна одлично да стартуваме во првенството и Лигата на шампионите. За нас беше важно да се победи силен тим како Јувентус кој минатата година не елиминира од Лигата на шампионите. Сметам дека доколку играме како против Јуве на нашите противници ќе им биде тешко да играат против нас“, изјави Ракитиќ.
Потоа Хрватот го пофали и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.
„Секој тренер има свои идеи, а јас знам дека Валверде има доверба во мене. Тој е одличен тренер и ќе продолжам да се борам за своето место во тимот“, заврши хрватскиот репрезентативец.