Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ракитиќ: Жена ми како да знаеше, ми го кажа тоа и пред натпреварот

Ракитиќ: Жена ми како да знаеше, ми го кажа тоа и пред натпреварот

При изведувањето на пеналите помеѓу Хрватска и Данска во осминафиналето на СП пресудија одличните одбрани на Субашиќ, но одлучувачкиот пенал го реализира Иван Ракитиќ.

Хрватска имаше доста проблеми против Данците, после 120 минути игра беше 1:1, а тогаш на следуваше вистинска драма која на крајот заврши со славје на Хрватите.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Ракитиќ рече дека размислувал на сопругата и ќерката при изведувањето на последниот пенал..

„Мислев на жена ми и ќерката. Жена ми пред натпреварот рече дека ќе бидам играчот кој ќе одлучи, на некој начин така и беше. Ова го сите заслуживме.“ – изјави Ракитиќ по натпреварот и додаде:

„Натпревар со премногу емоции. Кога влегов во соблекувалната прво ги побарав сопругата и ќерката, немав зборови, не знаев што да кажам, само сакав да ги слушнам. Ова е за сите Хрвати. Сакаме да одиме понатаму, сакаме да ја искористиме оваа прилика. Ќе биде тешко, но сакаме да продолжиме.“

Хрватска во четвртфиналето ќе гои одмери силите со селекцијата на Русија, која ја победи големата Шпанија исто така по изведување на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …