Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ е главна тема во денешното издание на „Мундо Депортиво“.
Рактиќ додека е во домашна изолација, даде интервју за каталонскиот медиум во кое зборуваше за својата ситуација во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватот сака да остане до крај на својот договор во Барселона.
„Веќе две години констатно во текот на преодните рокови се пишува за мое заминување од Барселона. На тоа секогаш одговарав како и сега што ќе одговорам. Барселона за мене е исполнување на сонот и би сакал да го одработам договорот до крај. Ако тоа не е можно, ќе седнеме и ќе се договориме за разделба, сепак мојата желба е да останам тука“.
Ракитиќ не бил погоден од тоа што не игра туку од односот кон него.
„Не ме повреди тоа што не играм, туку односот кон мене. Минатата сезона беше моја најдобра од шестте кои ги играв во Барселона, но и тогаш се настојуваше да си заминам и од тоа бев изненаден. Потоа дојдоа лошите резултати, но на мене не се сметаше и тоа ме повреди. Свесен сум за ситуацијата и статусот, но не сум вреќа со компири со која можат да прават што сакаат. Сакам да играм во клуб каде што ќе ме сакаат, ценат и почитуваат. Ако е тоа во Барселона ќе биде одлично, но ако не е ќе заминам таму каде што јас сакам, а не каде што ќе ме испратат“, изјави Ракитиќ.