Иван Ракитиќ е последниот фудбалер кој се пресели во Саудиска Арабија, Хрватот се одлучи да го носи дресот на Ал Шабаб.
Иако со 35 години се уште можеше да игра во Европа, Ракитиќ се одлучи да продолжи во Ал Шабаб, а сега внимание привлече со изјавата зошто го избрал овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Ал Шабаб Ракитиќ ќе заработува 15 милиони евра по сезона, а за самиот потпис доби пет милиони. Но, на официјалната прес-конференција зборуваше дека парите не одиграле улога во неговиот избор.
„Го избрав Ал Шабаб откако читав за клупската историја. Верувам дека е време за нов предизвик“, изјави Ракитиќ за клубот кој во својата историја шест пати бил шампион на Саудиска Арабија, но последен пат пред 12 години.
Интересена беше и неговата изјава за изборот на дресот со број 30.
„Моите омилени броеви се седум и десет, но откако дознав повеќе за Ал Шабаб и проекеот „Визија за Саудиска Арабија 2030“, го земав бројот 30. Тој е симбол на мојата преданост да ја поддржам оваа земја која вложува во фудбалот“, порача Ракитиќ.