И покрај доаѓањето на Артуро Видал, Барселона се уште е во потрага по засилување на средниот ред, а најголема желба е Пол Погба.
Медиумите веќе подолго време шпекулираат за евентуален трансфер на Погба во Барселона. Наводно спортскиот директор Ерик Абидал имал неколку средби со Французинот и неговиот менаџер Мино Раиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонските медиуми сега пишуваат дека инетерсот на Барселона е конкретен и дека клубот од „Камп Ноу“ веќе спремил понуда.
Имено, утре Раиола ќе слета во Манчестер на средба со раководството на „црвените ѓаволи“ и ќе им презентира понуда од 100 милиони фунти од Барселона за Погба.
Французинот е во лоши односи со Жозе Мурињо и инсистира да ја промени средината, па наводно веќе постигнал договор со Барселона.
Понудата ќе биде презентирана утре, па останува да видиме како ќе реагира клубот од „Олд Трафорд“.
Paul Pogba's agent is expected to tell Man Utd he can broker a £100m move for the 25-year-old World Cup winner to Barcelona. (Source: Daily Star Sunday) pic.twitter.com/xqPhYJqPMM
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 5, 2018