Дома Фудбал Англија Раиола за договорот на Погба: Прашајте во Манчестер Јунајтед

Раиола за договорот на Погба: Прашајте во Манчестер Јунајтед

На крајот од сезоната истекува договорот на Пол Погба со Манчестер Јунајтед и во овој моемнт неизвесно е дали ќе го продолжи.

Погба одлично ја започна новата сезона и изгледаше дека е само прашање на време кога ќе потпише нов договор, сепак работите се променија. Во последните натпревари на Јунајтед тој влегуваше од клупата, а против Ливерпул доби директен црвен картон.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поради таквата ситуација повторно се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“. Новинарите за продолжувањето на договорот го запрашаа неговиот менаџер, Мино Раиола.

„Треба да го прашате Манчестер Јунајтед за новиог договор. Сега е се мирно, не се случило ништо ново“, изјави Раиола.

Иднината на Погба сигурно дека и многу зависи од тоа дали Солскјер ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед и кој би го наследил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Моментот кога Буфон сфати дека е крај: “Ги видов телата на 20-годишниците под тушот покрај мене…”

Италијанската легенда, Џанлуиџи Буфон, зборуваше за својата блескава кариера, состојбата н…