Дома Фудбал Раиола: Еден клуб му беше грешка на Ибрахимовиќ

Раиола: Еден клуб му беше грешка на Ибрахимовиќ

Иако има 39 години, Ибрахимовиќ е прв стрелец во Серија А со десет погодоци.

Враќањето во Милан се покажа како вистински потег, а неговиот менаџер Раиола откри кој е клубот кој беше најголема грешка на Швеѓанецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се работи за американскиот ЛА Галакси каде популарниот Ибра помина две години.

„Замина таму бидејќи сакаше да живее во Лос Анџелес со семејството. Играчки, тоа беше катастрофа. Златан секогаш сака да победува, без разлика дали во прашање е фудбал или видео игри. Неговите соиграчи во тој клуб не беа со тој менталитет, односно ја немаа таа желба за победа.“ – рече Раиола.

Тој додаде дека Ибра поставува стандарди каде и да игра, а најнов пример е Милан кој се врати на врвот на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманите бесни поради новата топка во Премиер лигата: Ужасна е!

Пума е новиот официјален снабдувач на топки за Премиер лигата откако 25-годишниот договор …