Кими Раиконен побарал од својата екипа јасно и гласно да кажат што сакаат во моментите додека зад него беше Себастијан Фетел.
„Ледениот Финец“ прв влезе во боксот од водечките возачи и потоа се најде пред Фетел кој во тој момент имаше свежи гуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раиконен не му дозволуваше на својот колега да помине пред него и круг по круг ја држеше својата позиција, но изгледа тоа не бил планот на Ферари.
Додека Раиконен бил пред Фетел се вмешал Џок Клер
„Свесен си дека мораме да внимаваме на гумите на двата болида“, му кажал Клер на Раиконен.
„Вие двајца сте со различни стратегии, вашите стратегии се нешто поинакви, па би сакале да не го задржуваш Себ. Ти благодарам“.
Раиконен возвратил и се правел дека не разбира за што тимот зборува, на истата патека каде што сличен разговор пред осум години се одвиваше со Маса и Алоснсо во главните улоги
„Изгуби колку што можеш помалку време, но направи го тоа каде што ќе можеш. Себ е способен да оди побрзо, но ги оштетува своите гуми. И ти исто мораш да внимаваш на нив“.
Следел директен одговор од Раиконен.
„Сакате да го пуштам? Само кажете ми“.