Дома Трансфер зона Разочарување за Мурињо: Фенербахче продава фудбалер од 35 милиони евра во Премиер лигата

Разочарување за Мурињо: Фенербахче продава фудбалер од 35 милиони евра во Премиер лигата

Жозе Мурињо во редовите на Фенербахче пристигна со големи очекувања, но тимот остана без пласман во Лигата на шампионите откако беа поразени во плеј-оф двомечот со Лил.

Се најавуваше и дека во клубот покрај Португалецот на клупата ќе пристигнат и засилувања во играчкиот кадар. Сепак, спротивно од тоа турскиот гигант би можел да биде ослабен.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Според најавите Ферди Кагиоглу е пред заминување од Фенербахче. Со овој фудбалер се поврзуваше и Јувентус кој подоцна се откажа од трансферот, меѓутоа сега во игра се вклучи Брајтон.

Информациите на дел од островските и турските медиуми се дека тој ги договорил личните услови со премиерлигашот. Трансферот според најавите би требало да изнесува околу 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио конечно најде клуб и ги изненади сите

Адриен Рабио е без клуб откако во јуни го напушти Јувентус како слободен агент, а веќе е с…