Oколностите на Италијанците им одат во прилог.
Од кога пристигна во Интер Бепе Марота во клубот поставува свои правила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро Икарди долго време беше проблем, но изгледа се искусниот Марота изгледа тоа го реши во корист на клубот, а навивачите едвај ги чекаат неговите потези во летниот преоден рок.
Голем број имиња се поврзуваат со Интер во летниот преоден рок, а сега италијански „Тутоспорт“ пишува дека Марота го сака тандем од Барселона.
Според информациите на споменатиот медиум, Артуро Видал и Иван Ракитиќ се на мета на италијанскиот клуб.
Пјер Аусилио кој е еден од луѓето задолжени за трансфери во Интер го следел натпреварот на Барселона против Лион на „Ноу Камп’ и наводно во таа прилика тој одржал разговор со Ерик Абидал кој бил поврзан за овој тандем.
Во Барселона наредното лето ќе пристигне Френки Де Јонг и поради тоа заминување на еден од играчите за врска во каталонскиот клуб е неминовно, а Видал и Ракитиќ најмногу се споменуваат во овој контекс.
„Нероаѕурите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и се надеваат на Марота кој изгледа веќе дал знак за почеток на оваа операција.
Инаку Ракитиќ и претходно се поврузваше со трансфер во Интер, додека Видал беше на чекор од трансфер во Милано кога си заминуваше од Баерн Минхен, но тогаш ја избра Каталонија.