Дома Македонски спорт Мак фудбал Работно во Битола: Пелистер се засили со тројца фудбалери

Работно во Битола: Пелистер се засили со тројца фудбалери

Oд редовите на Пелистер утрово објавија дека се потпишани договори со тројца нови фудбалери.

Виктор Серафимовски, досегашен фудбалер на  ФК Силекс, осетно ќе го засили средниот ред на тимот. Станува збор за фудбалер кој зад себе има огромно прволигашко искуство во повеќе македонски клубови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Филип Тодороски кој важи за еден од најталентираните млади и респектабилни офанзивни играчи за врска во Македонија, и играч кој може да настапува и на крилните позиции. Тодороски ни доаѓа од редовите на Воска Спорт, а со младинската екипа на Победа настапуваше и во младинската Лига на шампиони.

Дамјан Масевски е млад фудбалер кој ни доаѓа од редовите на ФК Охрид и настапува на напаѓачката позиција. Се работи за талентиран шпиц играч со голем простор за напредок.

Тројцата в понеделник на прозивката на екипата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола официјално ќе бидат претставени и првпат ќе тренираат со новите соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…