Денес во рамките од 22. коло во македонската прва лига својот натпревар го одиграа Работнички и Академија Пандев.
Во натпреварот кој се одигра на Арената „Тодор Просеки“ до победа стигна Работнички со минимален резултат од 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првите 45 минути од оваа средба беа прилично досадни за гледање и скоро и да не видовме ништо на двете страни. Второто полувреме донесе нешто подобар фудбал.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 56 минута кога после нафрлувањето на Колумбиецот Херера од слободен удар, Виктор Велскоски се снајдернајдобро во шеснаесетникот и ја смести топката во голот на Академија Пандев.
Работнички ја продолжи добрата серија во вториот дел од сезоната и стигна до третата победа ов четвртиот натпревар, додека Академија Пандев веќе 11. натпревар не знае за победа.
Со овој триумф Работнички на 8. позиција ќе се изедначи со Струга Трим Лум и Ренова, овие две екипи своите натпревари од ова коло ги играат утре.