Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички доведе фудбалер од Уганда кој никогаш не играл во Европа

Работнички доведе фудбалер од Уганда кој никогаш не играл во Европа

Работнички доведе уште едно засилување за новата сезона во Првата фудбалска лига. Нов фудбалер на нашиот клуб е Шафик Кагиму.

Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


24-годишниот фудбалер од Уганда доаѓа од шампионот на Кенија, Гор Махиа Наироби, и игра на позицијата централен играч за врска. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на Работнички.

Шафик Кагиму кариерата ја почна во УРА Кампала, клуб од Уганда, од каде се пресели во првенството на Кенија. Работнички ќе биде негов прв клуб на европско тло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…