Јувентус вчера со гол во финишот успеа да остане непоразен против Севиља во првиот натпревар од полуфиналето против Лига Европа, но навивачите на Јувентус сметаат дека се оштетени за пенал.
Андриен Рабио е убеден дека морало да добие пенал по прекршок над него во шеснаесетникот, меѓутоа судијата без да ја провери ситуацијата во ВАР собата одмавна со раката. Французинот одеше на волеј, а тогаш доби удар од Лоик Баде кој веќе имаше жолт картон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рабио падна на теренот барајќи пенал, меѓутоа реакција од арбитрите немаше.
„Стануваше збор за груб фал, беше чист пенал, не знам зошто ВАР не реагираше. Можете јасно да видите, тој не ја удри топката, ја удри мојата нога. На судијата му ја покажав ногата, меѓутоа ништо не промени“, изјави Рабио.
Saluti da Adrien!@UEFAcom_it pic.twitter.com/1em2zX1WAU
— Massimo Zampini (@massimozampini) May 11, 2023