Дома Фудбал Италија Рабио штрајкува и не сака да се врати во Јувентус

Рабио штрајкува и не сака да се врати во Јувентус

Адриен Рабио минатото лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но може да го напушти клубот ова лето, пишува „Кориере дело спорт“.

Французинот се уште не пристигнал во Торино, иако менаџментот ги повика сите „странци“ кои ја напуштија Италија за време на тешкиот период поради пандемијата од коронавирус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Рабио штрајкува и одбива да се врати во Торино и да го почне периодот на самоизолација. Тој не е задоволен и од колективното намалување на платите во Јувентус, со што му беа скратени 2 милиони евра.

Мајката на играчот од средниот ред, која исто така е негов агент – Вероника Рабио, сака нејзиниот син да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Таа верува дека Адриен ќе добие поголема плата во Англија отколку таа во Јувентус.

Вероника веќе ги понудила услугите на нејзиниот син на раководните лица на Манчестер Јунајтед и на Евертон, а Јувентус е револтиран од Французинот и му ја отвори излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…