Дома Трансфер зона Пјонтек пред враќање во Серија А

Пјонтек пред враќање во Серија А

Полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек ја напушта Херта.

Овој 25 годишен напаѓач никако не успеа да се вклопи во тимот од Берлин и тој во јануари ќе го напушти тимот од Берлин.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Кариерата Пјонтек ќе ја продолжи во Џенова, тимот каде што „експлодираше“ во сезоната 2018/2019 после што направи трансфер во Милан.

Меѓутоа од заминување од Џенова Пјонтек не се снајде најдобро. Во Милан не играше со таква форма, со исклучок на почетните неколку натпревари. Минатиот јануари тој го напушти Милан и се пресели во Херта за 27 милиони евра.

Една година подоцна тој се враќа во клубот каде што му одеше најдобро и каде што на 21 натпревар постигна 19 голови. Оваа сезона Пјонтек постигна само осум голови на 26 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Сега е јасно дека Трент Александер-Арнолд од лето ќе биде играч на Реал Мадрид. Десниот бе…