Миралем Пјаниќ кој игра на позајмица во Бешикташ од Барселона наскоро би можел да се врати во Серија А.
Босанскиот плејмејкер после неколку сезони во Јувентус се пресели во Барселона, каде не се снајде, па брзо беше испратена на позајмица во Бешикташ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За 32-годишниот плејмејкер нема повеќе место во Барселона, а интерес за него покажува Интер, кој е спремен на лето да го донесе на позајмица со право на откуп.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер наскоро ќе испрати понуда до Барселона, а Пјаниќ неодамна призна дека сака да се врати во Италија.