Фудбалерот на Барселона кој е позајмен во Бешикташ, Миралем Пјаниќ смета дека Рома која се споменуваше како опција е идеално место за Паоло Дибала кој си заминува од Јувентус.
Јувентус и Дибала не успеаја да се договорат за продолжување на соработката и Аргентинецот од 1. јуни ќе биде слободен фудбалер. Во овој момент се поврзува со неколку клубови, а најсериозни беа Интер и Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миралем Пјаниќ, кој ја делеше соблекувалната со Дибала од 2016 до 2020 година во Торино смета дека Рома која исто така е негов поранешен клуб е одлично место за него.
“Рома е совршена за него. Рома мора да направи чекори и да донесе шампионски имиња. Играчите како Пауло го подигаат нивото на квалитет и со него Рома сигурно би била подобра“, изјави Пјаниќ.
Инаку и иднината на Пјаниќ е неизвесна. Неговата позајмица во Бешикташ завршува и се враќа во Каталонија каде што има договор со Барселона до 2024, сепак засега не се најавува дека може да остане.