Плејмејкерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ предупреди дека потценувањето на Манчестер Јунајтед може скапо да ја чини „старата дама“.
Во среда Јувентус го пречекува Манчестер Јунајтед во скоп на Лигата на шампиони и е голем фаворит, но сепак Пјаниќ тврди дека „црвените ѓаволи“ не смеат да се потценат.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Игравме многу добро во Англија и можевме да постигнеме повеќе голови. Да се надеваме дека тоа ќе се случи во Торино. Но, не треба да заборавиме дека Манчестер е многу сериозен тим со одличен тренер“.
„Имаат фудбалери кои можат да го решат мечот во секој момент. Не треба да ги потценуваме. Нашата цел е освојување на Лигата на шампиони, но патот е долг“, заклучи Пјаниќ.