Дома Фудбал Лига на шампиони Пјаниќ: На внуците ќе им кажувам дека сум играл со Роналдо и Меси

Пјаниќ: На внуците ќе им кажувам дека сум играл со Роналдо и Меси

Миралем Пјаниќ зборуваше на прес-конференцијата пред натпреварот помеѓу Јувентус и Барселона вечерва во 2. коло од Лигата на шампионите.

Пјаниќ се враќа во Торино, но како играч на Барселона и се очекува вечерва да биде стартер против својот поранешен клуб. Тој е еден од ретките кој може да се пофали дека во кариерата играл и со Роналдо и со Меси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Многу сум среќен што сум тука и што се враќам, навистина е емотивно. Поминав тука четири години и имам убави сеќавања, но сега доаѓам за да одиграм добар натпревар против тежок ривал кој како и ние сака да биде прв во групата“.

Со Меси разговарале за Јувентус.

„Разговарав со Меси за годините кои ги поминав, добро зборував за клубот и претседателот. Ништо повеќе од тоа, добро е информиран, многу добро го познава Јувентус. Многу сум среќен што имав прилика да играм со Роналдо и сега со Меси. Тие се двајца феномени, ќе им кажувам на своите внуци дека сум играл со двата најдобри играчи на своето време. Тоа не им успеало на многумина“, изјави Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…