Миралем Пјаниќ кој игра на позајмица во Бешикташ од Барселона наскоро би можел да се врати во Серија А.
Босанскиот плејмејкер после неколку сезони во Јувентус се пресели во Барселона, каде не се снајде, па брзо беше испратена на позајмица во Бешикташ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За 32-годишниот плејмејкер нема повеќе место во Барселона, а интерес за него покажува Интер, кој е спремен на лето да го донесе на позајмица со право на откуп.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер наскоро ќе испрати понуда до Барселона и сака Пјаниќ да го донесе во „пакет“ со Мемфис Депај, кој исто така е на излезна врата од „Камп Ноу“.